Достапни линкови

Во денешните инциденти во Ирак најмалку 13 загинати


Најмалку 13 луѓе загинале во експлозии на автомобили бомби и престрелки во северен Ирак. 3 автомобили бомби експлодирале денеска во близина на здрадите на локалните власти во градот Хавиџа, западно од Киркук, при што загинале 7-мина цивили и двајца војници. Во престрелка со безбедносните сили, биле убиени 4-ца милитанти. Во Ирак во последнава година се зголемуваат насилствата, а бројот на жртвите е како на нивото од 2008-ма година.
XS
SM
MD
LG