Достапни линкови

Металург на терен може да се „носи“ со Пари Сен Жермен


Ракометен меч Металург-Вардар во СЦ Борис Трајковски. Полуфинале во СЕХА купот, ракомет. 13 април 2013.

Ракометен меч Металург-Вардар во СЦ Борис Трајковски. Полуфинале во СЕХА купот, ракомет. 13 април 2013.

Металург ќе ги одмери силите со францускиот првак Пари Сен Жермен. Тоа е најскапиот клуб во историјата на ракометот, еден од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите. Овој состав предизвикува огромна почит, но не и страв кај ракометарите, порачуваат од Металург.

Само една недела по дуелот во кој најтрофејниот ракометен клуб во светот Барселона среќно извлече реми против македонскиот првак Вардар, љубителите на спортот во нашата земја ги очекува нов ракометен спектакл. В сабота, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во второто коло од групата Ц од Лигата на шампионите, Металург ќе ги одмери силите со францускиот првак Пари Сен Жермен. Тоа е најскапиот клуб во историјата на ракометот, еден од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите и колектив во чии редови настапуваат светските ѕвезди Хансен, Вори, Абало, Копљар, Нарсис, Диао, Гунарсон...
Во салата Борис Трајковски се покажа и докажа дека секоја екипа може да падне, така и најскапиот тим досега кој го сочинуваат 10-12 ѕвезди кои се врвот на европскиот ракомет.

Овој состав предизвикува огромна почит, но не и страв кај нашиот вицешампион, чиј капитен Наумче Мојсовски порачува:

„Во салата Борис Трајковски се покажа и докажа дека секоја екипа може да падне, така и најскапиот тим досега кој го сочинуваат 10-12 ѕвезди кои се врвот на европскиот ракомет. Секако со квалитетна игра и со наша игра со која не им дозволуваме на противниците да се размавнат и да постигнат многу голови, мислам дека може да направиме некој успех кој, секако би бил поволен за нас - или нерешено или победа.“

Слично размислува и пикерот Ванчо Димовски, според кого Металург на свој терен може да се носи со секого, па и со гигантот од Париз.
Очекувам да биде фер и спортска игра. Го гледав натпреварот на Вардар со Барселона. Добра публика има Скопје, го знае ракометот и верувам дека со поддршка на публиката може да се направи и позитивен резултат, можеби и да победиме. Бидејќи и Вардар е силен и Металург е силен сега. Особено со новодојдените играчи.

„Можеби сите очекуваа и знаат дека Барселона и ПСЖ се фаворитите за првите две места во нашата група. Можеби така и ќе биде, но, се докажа во саботата во Скопје дека нема да биде лесно на никого, со тој бод на Вардар против Барселона. Очекувам и ние пред една полна сала да се обидеме да го совладаме Париз, без разлика на тоа што сме малку и хендикепирани со суспензијата на Миркуловски. Тие што сме тука, секако ќе дадеме се од себе да останат бодовите во Скопје.“

Тоа од металурзите го очекуваат и љубителите на ракометот. Тие се свесни дека во Скопје доаѓа тим со врвен квалитет, но, според нив, тоа е случај и со клубот од Автокоманда.

„Мислам дека Металург ќе победи, бидејќи е еден од најдобрите клубови.“

„Очекувам да биде фер и спортска игра. Го гледав натпреварот на Вардар со Барселона. Добра публика има Скопје, го знае ракометот и верувам дека со поддршка на публиката може да се направи и позитивен резултат, можеби и да победиме. Бидејќи и Вардар е силен и Металург е силен сега. Особено со новодојдените играчи.“

„Па, Металург ќе победи. Зошто да не? Кога можеше Вардар со Барселона да одигра нерешено, може и Металург. Металург е подобар“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG