Достапни линкови

Неколку сиријски бунтовнички групи најaвуваат исламизација на земјата


Неколку сиријски бунтовнички групи, вклучувајки ја и фракцијата поврзана со Ал Каеда, соопштија дека Сиријската национална коалиција, со седиште во Турција и која ја има подршаката од Западот, не ги претставува нивните интереси. Во видео пораката преку интерет, бунтовничките групи ги повикаа сите оние што се борат против режимот на Башар Ал Асад да се обединат под јасна исламистичка рамка, односно да ги подржат аспирациите за формирање исламистичка држава Сирија. Ова соопштение ги компликува напорите на Западот за политичко решение на сиријската криза.
XS
SM
MD
LG