Достапни линкови

logo-print

Британија ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија


Средба на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со Баронесата Д`Суза, спикер на Горниот дом на Парламентот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Средба на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со Баронесата Д`Суза, спикер на Горниот дом на Парламентот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Обединетото Кралство е силен поддржувач на членството на Македонија и во Европската унија и во НАТО и правиме сè што можеме за тоа да се оствари, порача баронесата Д' Суза при посетата на Македонија.

Обединетото Кралство е силен поддржувач на членството на Македонија и во Европската унија и во НАТО и правиме сè што можеме за тоа да се оствари, порача баронесата Д' Суза по средбата со нејзиниот македонски колега Трајко Вељаноски.
И токму поради тие силни пријателски врски, ние сме силен поддржувач на евроинтеграциискиот процес на Република Македонија.

„Обединетото Кралство и Македонија имаат силни пријателски врски кои се надеваме дека ќе ги зацврстиме преку посетите на парламентарците од двата парламенти. И токму поради тие силни пријателски врски, ние сме силен поддржувач на евроинтеграциискиот процес на Република Македонија“, изјави баронесата Д'Суза.

Сепак додаде дека членството во евротланските структури е долг реформски процес и оти размената на меѓусебните искуства можат да бидат од помош во тој процес.
Баронесата Д' Суза која е лорд спикер на Горниот дом на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска изрази задоволство што за првпат ја посетува Македонија, особено поради тоа што годинава се одбележува дваесетгодишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји во декември 1993 година Обединетото Кралство во континуитет го поддржува евроинтегративниот процес на Македонија.

Претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељаноски изјави дека денешната средба е уште една потврда за пријателските и партнерски односи меѓу двете земји и потврда за подготвеноста на двете страни за интензивирање на односите и соработката во сите сфери од заеднички интерес.

„Од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји во декември 1993 година Обединетото Кралство во континуитет го поддржува евроинтегративниот процес на Македонија и во билатералната комуникација го користи нашето уставно име“, рече Вељаноски.

На средбата двајцата колеги размениле мислења и за парламентарната соработка и интензивирање на истата на ниво на работните тела, како и за унапредување на економските односи, инвестициските можности и други прашања од заеднички интерес на двете држави.

Баронесата Д' Суза се обрати и пред пратениците во македонското собрание, а средбите со Ермира Мехмети, со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се исто така дел од нејзината дневна агенда.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG