Достапни линкови

Анти-фашистички протести во Грција


Повеќе грчки политички партии и синдикати повикаа на мирни протести, кои треба да се одржат денеска во неколку градови против фашизмот, а вечер во Атина е планиран и протестен марш. Во меѓувреме, продолжува полициската истрага против крајно десничарската партија Златна Зора, која има 18 пратеници во грчкиот парламент. Протестот е реакција на минатонеделното убиство на еден левичарски ориентиран музичар од страна на приврзаник на Златна Зора. Јавноста во Грција ја критикува полицијата поради толерантноста спрема насилствата од припадниците на Златна Зора.
XS
SM
MD
LG