Достапни линкови

Поплави во Сочи, прогласена вонредна состојба


Руските власти прогласија вонредна состојба во реонот околу Сочи, поради поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од силните дождови и високото ниво на реките. Пожарникари денеска ја испумпувале водата од улиците на Сочи, каде што догодина треба да се одржат Зимските олимписки игри. Сепак, и покрај актуелните поплави, претседателот на Рускиот олимписки комитет, Александар Жуков, изјави дека нема сомневање дека Сочи ќе биде подготвен за Олимпијадата.
XS
SM
MD
LG