Достапни линкови

Активисти на Гринпис, во Русија ќе бидат обвинети за пиратство


Гринпис соопшти дека нивните активисти биле преместени во истражни затвори во близина на рускиот град Мурманск. Руските власти ќе ги обвинат активистите за пиратство. Имено руската крајбрежна стража го задржа бродот на Гринпис, чии активисти, во знак на протест, во минатата недела се обидоа да се качат на платформата за нафта на Газпром во Арктикот. Амнести Интернешнел ја осуди намерата на Русија да ги обвини активистите за пиратство, оценувајки дека тоа е неосновано.
XS
SM
MD
LG