Достапни линкови

Обама и Рохани: можни разговори, но не и средба


Хасан Рохани

Хасан Рохани

Претседателите на Соединетите држави и на Иран Барак Обама и Хасан Рохани ја поддржаа веројатноста за обновување на разговорите за решавање на спорот со иранската нуклеарна програма. Но, тие не ја искористија можноста и директно да се сретнат на годинашното Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Американски официјални претставници соопштија дека Барак Обама бил подготвен на таква средба, но оти тоа било одбиено од Рохани, поради, како што им било наведено, извесни компликации. Тоа ќе беше прва средба меѓу лидерите на двете земји во изминативе 36 години.


Вашингтон и Техеран немаат дипломатски односи од 1980 година по заземањето на американската амбасада во Техеран за време на Исламската револуција.

Иранската нуклеарна програма, како и на другите земји, би требало да се користи исклучиво за мирољубиви цели. Нуклеарното и другите оружја за масовно уништување немаат место во иранската одбранбена доктрина и се во спротивност со нашите основни верски и етички убедувања.

Од друга страна, Рохани вчера се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд, силен сојузник на Вашингтон во барањата Иран да ја прекине нуклеарната програма која би можело да се користи и за конструкција на атомска бомба.

Рохани за кој се смета дека е умерен политичар, беше избран за претседател во јуни, а функцијата ја презеде во август годинава. Тој испрати сигнали за помирувачки пристап кон Западот по повеќегодишните тензии околу нуклеарната програма и други прашања за време на неговиот претходник Махмуд Ахмадинеџад.

Во обраќањето на Генералното собрание Рохани изјави дека Иран е подготвен веднаш да започне преговори за градење доверба. Тој додаде дека нуклеарното оружје нема место во иранската безбедносна и одбранбена политика.

„Иранската нуклеарна програма, како и на другите земји, би требало да се користи исклучиво за мирољубиви цели. Нуклеарното и другите оружја за масовно уништување немаат место во иранската одбранбена доктрина и се во спротивност со нашите основни верски и етички убедувања.“

Франсоа Оланд, претседател на Франција

Франсоа Оланд, претседател на Франција


Рохани ги осуди санкциите кои се казна за Иран поради неговата нукеларна програма, наведувајќи дека тие имаат насилно влијание врз обичните иранци.

Советот за безбедност на Обединетите нации воведе четири рунди санкции против Иран. Во истовреме и Соединетите држави со сојузниците имаат свои санкции против Техеран. Тие доведоа до намалување на извозот на иранска нафата која е витална за иранската економија.

Америка сака да ја реши загриженоста околу иранската нуклеарна програма на мирен начин, иако сме решени да го спречиме Иран да развие нуклеарно оружје.

Рохани додаде дека Иран е отворен за разговори со Соединетите држави за надминување на меѓусебните разлики.

Говорот на Рохани веднаш беше осуден од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој оцени дека станува збор за цинички говор полн со лицемерие. Според него, Рохани сака да ја запре меѓународната акција со цел да добие повеќе време за да развие нуклеарно оружје.

Претходно претседателот Барак Обама во говорот на Генералното собрание повтори дека Вашингтон останува решен да го спречи Иран во таквата намера. Но, Обама додаде дека тоа може да се стори со дипломатски чекори.

„Америка сака да ја реши загриженоста околу иранската нуклеарна програма на мирен начин, иако сме решени да го спречиме Иран да развие нуклеарно оружје.“


Обама призна дека недовербата меѓу Вашингтон и Техеран има длабоки корени, но додаде дека верува оти двете страни имаат потенцијал да постигнат значаен договор.

Шефовите на дипломатиите на двете земји Џон Кери и Џавад Зариф утре во Њујорк ќе учествуваат меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG