Достапни линкови

Рохани го осуди холокаустот


Новиот ирански претседател Хасан Рохани го осуди холокаустот, опишувајќи го како „одвратно злосторство“ извршено од страна на нацистите против Евреите. Тој во интервју за американската телевизија Си Ен Ен изјави дека одземањето на човечки живот е за осуда, без разлика дали станува збор за христијанин, муслиман или евреин. Рохани додаде дека холокаустот не им дава право на Еврерите да воспостават своја држава Израел по Втората Светска војна. Тој истакна дека одредеувањето на скалилото на холокаустот е работа на историчарите. Неговиот претходник Махмуд Ахмадинеџат, јавно во неколку наврати изразуваше сомнеж во врска со холокаустот.
XS
SM
MD
LG