Достапни линкови

logo-print

Заврши заложничката драма во Најроби


Преседателот на Кенија Ухуру Кенијата, во своето телевизиско обраќање до нацијата соопшти дека е завршена заложничката драма во трговскиот центар во Најроби. Тој соопшти дека најмалку 60 цивили и десетина војници загинаа во изминативе неколку дена откако беше нападнат центарот. Пет вооружени напаѓачи се убиени, а 11 се уапсени. Претседателот прогласи тридневна жалост во државата. Сомалиската група Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот барајќи Кенија да ги повлече своите војници од Сомалија, кои таму се борат против милитантите. Претседателот додаде дека не може да ги потврди извештаите во медиумите дека во нападите биле инволвирани една Британка и двајца Aмериканнци.
XS
SM
MD
LG