Достапни линкови

Кери и Лавров на состанок зад затворeни врати


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржаа разговори зад затворени врати во Њујорк, на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации. По состанокот Кери изјави дека средбата била „ конструктивна“. Но според она што го пренесуваат медиумите повикувајќи се на изјави на официјални претставници на двете страни, САД и Русија се уште не можат да постигнат договор за нацрт резолуција. Претходно двете земји се согласија само на договор со кој се повикува Сирија да ги уништи резервите со хемиско оружје до средината на 2014 година.
XS
SM
MD
LG