Достапни линкови

Бан Ки Мун со апел за итна резолуција за Сирија


Со обраќањето на генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, во Њујорк започна 68-мото Генералното собрание, на кое, до први октомври, свои обраќања ќе имаат повеќемина светски лидери. Бан Ки Мун повика на што поскоро усвојување обврзувачка резолуција за елиминација на хемиското оружје во Сирија. Тој исто така се заложи за итно испраќање хуманитарна помош за сиријскиот народ. Бан ги повика светските лидери и на акција против климатските промени и сиромаштијата во светот.
За денеска се предвидени и обраќањата на американскиот претседател Барак Обама и иранскиот лидер Хасан Рохани.
XS
SM
MD
LG