Достапни линкови

logo-print

Во Грција денеска и утре штрајкови


Во Грција денеска и утре во одредени интервали продолжуваат штрајковите во државниот сектор, образованието, општинската администрација и осигурителните компании против планираните масовни отпуштања од работа како услов за добивање меѓународна финансиска помош.
Според договорот, до крајот на овој месец треба да бидат прераспределени и отпуштени од работа 12.500 државни службеници, а до крајот на годинава вкупно 25.000.
Во период од осум месеци тие ќе добиваат 75 отсто од платата, а доколку бидат префрлени на друго работно место, ќе бидат отпуштени. Во Грција невработеноста достигна рекордни 28 проценти.
XS
SM
MD
LG