Достапни линкови

Обама и Рохани меѓу првите говорници во ОН


Денеска во Њујорк започнува Генералното Собрание на ОН. Според распоредот, денеска, меѓу другите, ќе зборуваат претседателите на САД и Иран Барак Обама и Хасан Рохани.
Се очекува Обама да сигнализира соработка со новата власт во Иран, доколку Техеран попушти во врска со контроверзната нуклеарна програма.
Обама, исто така, ќе побара од членките на Советот за Безбедност да подржат резолуција за мерки против Сирија доколку пропадне соработката за планот за уништување на хемиското оружје.
Рохани ќе зборува попладнето, а се шпекулира дека Генералното Собрание може да биде искористено и за средба меѓу Обама и Рохани што би бил прв контакт меѓу лидерите на двете држави по повеќе од 30 години.
XS
SM
MD
LG