Достапни линкови

Попоски во одговорот до Венизелос се повика на рамката на ОН


Министерот за надворешни работи Никола Попоски се повика на рамката на ОН во која се решава македонско – грчкиот спор и на одлуката на Меѓународниот суд на правдата.
Станува збор за негов одговор на изјавата на грчкиот министер Евангелос Венизелос дека единствено решение е Македонија да прифати ново име за сите употреби.
Претходно Мартин Несирки, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, изјави дека за неколку недели, во органоизација на медијаторот Маетју Нимиц може да се очекува нова средба на посредниците во разговорите за спорот Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG