Достапни линкови

Нимиц ќе свика нова средба во Њујорк во наредните недели


Амбасадорот Метју Нимиц ќе свика нова средба на посредниците во разговорите за името, во Њујорк, во текот на следните недели, јавува МИА. Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Мартин Несирки изјави дека ова е најавено по досегашните разговори на Генералното Собрание на ОН во Њујорк. Господин Нимиц планира да ги свика претставниците на двете страни повторно во Њујорк во неделите што доаѓаат. Генералниот секретар искрено се надева дека овие разговори ќе отворат пат за посериозни преговори и да се најде заемно прифатливо решение за спорот со името, изјави Несирки. Генерално земено, додава тој, решение за разликите за името ќе биде во интерес на двете страни, како и на целиот балкански регион.
Метју Нимиц, како личен претставник на генералниот секретар го посети регионот и се виде со високи владини претставници да ги побара нивните ставови за неговиот последен предлог и со цел да ги намали разликите и да бара натамошно приближување на ставовите, изјави Несирки.
XS
SM
MD
LG