Достапни линкови

logo-print

Кенија: полицијата ја презела контролата врз трговскиот центар


Министерството за внатрешни работи на Кенија соопшти дека безбедносните сили го контролираат трговскиот центар во Најроби, кој беше во рацете на вооружени исламисти кои убија повеќе од 60 луѓе. Во синоќешната изјава на Твитер, министерството додава дека официјални претставници веруваат оти сите заложници се ослободени од трговскиот центар.
Милитанти од групата Ал-Шабаб, со седиште во Сомалија, поврзана со Ал Каеда, стои зад масакрот во центарот, во кој загинаа најмалку 62 лица.
Кенискиот министер за надворешни работи Амина Мохамед изјави дека се верува оти меѓу напаѓачите биле и двајца или тројца Американци и една Британка.
XS
SM
MD
LG