Достапни линкови

Дали ќе се бара смртна казна за Царнаев ќе се знае во јануари


Американските власти соопштија дека до јануари очекуваат одлука за тоа дали обвинителите ќе побараат смртна казна за Џохар Царнаев, обвинетиот за бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон. Официјални претставници изјавија дека до крајот на идниот месец федералните обвинители планираат да решат дали ќе се бара смртна казна. Тие рекоа дека Јавниот обвинител Ерик Холдер ќе ја донесе конечната одлука 90 дена потоа.
Адвокатите на одбраната бараа повеќе пати расправа против смртната казна. Обвинителството тврди дека 20-годишниот Царнаев и неговиот постар брат Тамерлан активирале две експлозивни направи во близина на целната линија на бостонскиот маратон кој беше одржан на 15 април, при што загинаа 3 лица, а 260 беа повредени.
Тамерлан Царнаев беше убиен неколку дена потоа во престрелка со полицијата, а Џохар во јули се изјасни дека е невин.
XS
SM
MD
LG