Достапни линкови

Поранешен агент на ФБИ се изјаснил за виновен за оддавање тајни


Американското министерство за правда соопшти дека поранешниот агент на ФБИ Доналд Сахтлебен се согласил да се изјасни како виновен по обвиненијата дека на Асошиетед Прес му оддавал тајни владини информации околу бомбашки заговор. Во соопштението се вели дека Сахтлебен се согласил на затворска казна од 3 години и 7 месеци за оддавањето тајна, како и за независното обвинение за детска порнографија.
Се наведува дека тој намерно открил информации за националната одбрана на лице кое не било овластено за тоа. Написот на Асошиетед Прес во мај 2012 година ја опишува американската операција во Јемен за спречување на бомбашки заговор на еден авионски лет. Американски претставници тогаш рекоа дека тоа ја загрозило безбедноста на еден агент кој работел на поткопување на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.
XS
SM
MD
LG