Достапни линкови

Ахмети: САД директно да се вклучат во решавањето на „името“


Претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, ги повикал САД да се ангажираат директно и интензивно за решавањето на единствената пречка која што стои меѓу Македонија и зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговори за членство во ЕУ, се наведува во соопштението на владиниот коалиционен партнер ДУИ.
Амбасадорот Волерс, се вели во соопштението, ја нагласил уште еднаш подршката на САД за евроатлантските интеграции на Македонија и потикнуваат на дијалог меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името.
ДУИ и Албанците воопшто, но и мнозинството граѓани на Македонија не ја сакаат изолацијата, туку инсистираат на интеграцијата на земјата во Брисел затоа што само овој процес може да донесе стабилен мир, сигурност, но и економски развој и нови работни места, посочил Ахмети во разговорот со Волерс.
XS
SM
MD
LG