Достапни линкови

Фајон: Засега нема опасност од суспендирање на визите


Засега нема вистински аргументи за суспензија на визниот режим за земјите од Западен Балкан, изјави денеска европратеничката Тања Фајон, член на Комитетот за цивилни слободи, правда и внатрешни работи на ЕП, која денеска и утре учествува на Парламентарен семинар во македонското Собрание.
Значи опасност постои за воведување визи за една или повеќе земји од Западен Балкан, но таа опасност постои доколку е висок бројот на азиланти од регионот, изјави Фајон, која наведе дека од земјите од Западен Балкан само од Босна и Херцеговина е многу зголемен бројот на азиланти оваа година, но од друга страна, вели Фајон, земјите како Македонија и Србија направија многу позитивни мерки.
XS
SM
MD
LG