Достапни линкови

Заложничката криза во Најроби продолжува


Во акцијата за ослободување на заложниците во трговскиот центар во кенискиот град Најроби биле убиени двајца напаѓачи а неколкумина биле ранети, соопштија кениските власти.
Исламските екстремисти и натаму држат непознат број заложници во центарот од каде што, како што јавуваат новинските агенции, и денеска се слушале експлозии и пукање.
Сомалиската терористичка организација Ел Шабаб која ја презеде одговорноста за нападот во центарот во кој загинаа 68 луѓе, а 200 биле ранети, денеска се закани дека ќе почне да ги убива заложниците.
Кениската војска синоќа соопшти дека повеќето заложници биле ослободени и оти силите за безбедност ја презеле контролата врз поголемиот дел од центарот. Напаѓачите соопштија дека акцијата е одмазда за вклучувањето на кениската војска во борбите во Сомалија.
XS
SM
MD
LG