Достапни линкови

Меѓупартиски надмудрувања за хомосексуалноста во Собранието


Илустрација.
Илустрација.

Собранието расправа за предлогот за уставни измени со кои бракот ќе се дефинира како заедница меѓу еден маж и една жена. Седницата премина во расправа за хомосексуалноста.

Уставната заштита и јасната дефиниција на бракот како заедница меѓу маж и жена ќе овозможи натамошна заштита на децата и афирмација на нивното воспитување во семејна средина каде носечки дел се мајката и таткото со истовремена поддршка и на самохраните родители. Воедно децата без родители ќе можат да бидат посвојувани исклучиво во заедница на маж и жена и од самохрани родители, рече претставникот на предлагачите, пратеникот Влатко Ѓорѓев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на расправата по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија по ова прашање.
Воедно, треба да се утврди прашањето дека ниту една заедница на живот, освен уставно дефинираната заедница помеѓу еден маж и една жена не може да предизвикува правни дејствија и последици во Република Македонија.
Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Воедно, треба да се утврди прашањето дека ниту една заедница на живот, освен уставно дефинираната заедница помеѓу еден маж и една жена не може да предизвикува правни дејствија и последици во Република Македонија“, рече Ѓорчев.

Според него, намерата на предлагачите е во иднина парламентарното мнозинство да не може со 42 гласа да го менува Законот за семејство и да ја редефинира структурата на бракот.
Не ме интересира што мисли ВМРО, не ме интересира што мисли Либералната парија или СДСМ. Не е омраза, за мене тоа е болест, а вие одете во чекор со модата, ама пазете, кога одите, мора да одите строго покрај ѕид.
Драгиша Милетиќ, Српска напредна странка.

Пратеникот на ЛП Ивон Величковски порача дека треба да се почитуваат различностите.

„За тоа постои ова Собрание меѓу другото, за тоа постои, за да утврдува во кој правец ќе се развива една општествена целина со сите свои специфичности, со сите разлики кои во Македонија се богатство, а не се алатка за поделби, не се алатка за омраза“, рече Величковски.

За пратеникот Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка, хомосексуалноста е болест.

„Не ме интересира што мисли ВМРО, не ме интересира што мисли Либералната парија или СДСМ. Не е омраза, за мене тоа е болест, а вие одете во чекор со модата, ама пазете, кога одите, мора да одите строго покрај ѕид“, рече Милетиќ.

На што Величковски реплицираше:

„Јас, знаете како е господине Милетиќ, стојам вака завртен и ве гледам директно и се надевам дека имам доволна заштита од масата. Во иста насока, дозволете ми да ви укажам дека и вие и јас очигледно сме согласни дека треба да ги отвориме суштинските уставни прашања, иако зборувате искрено и не се согласуваме со работите кои ги зборуваме, но и двајцата делиме една вредност, дека очигледно не е проблем хомосексуалноста како сексуална определба, туку таа и нејзината примена во политиката се многу поголем проблем“, реплицираше Величковски.

ДПА се изјасни дека е за измени на Уставот, кои за да се донесат е потребно дво-третинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG