Достапни линкови

logo-print

Венизелос: Географска одредница за севкупна употреба


шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос

шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос

„Националната позиција на Грција за името е јасна, име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Њујорк, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. Според Венизелос, ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција, која, како што изјави, сака стабилност во регионот на Западен Балкан. „Поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право“, изјави Венизелос. За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарт за прширување Штефан Филе со медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG