Достапни линкови

Собранието расправа за уставните измени за бракот


Собранието на Македонија на денешната седница ја почна расправата по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот за дефинирање на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство. Претставникот на предлагачите, , посочи дека со Предлогот бараат уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители. „Интенција на предлагачите е да се оневозможи некое идно парламентарно мнозинство со само 42 гласа да го менува Законот за семејство и да ја редефинира структурата на бракот, изјави пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. За да се донесат уставните измени потребно е дво-третинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.
XS
SM
MD
LG