Достапни линкови

Бугарија: Британците се мрзливи


Бугарската влада ги обвини британските работници дека се мрзливи, па затоа таа земја и натаму имала потреба од источноевропски имигранти. Во специјално составениот службен документ, испратен до британскиот Хоум Офис, Владата во Софија забележува дека Британците немаат желба да работат или не сакаат да се откажат од своите социјални бенифиции за да бидат ангажирани како сезонски работнци на британските полиња. Реакцијата на бугарските власти доаѓа по неколку месечните предупредувања во британската политичка јавност за заканата од наплив на бугарски и романски имигранти по 1 јануари идната година, кога престанува важноста на ограничувањето за вработување на Бугари и Романци воведено пред седум години.
XS
SM
MD
LG