Достапни линкови

logo-print

Генералното Собрание нема да ги спои Македонија и Грција


Обраќање на премиерот Груевски на 66. Генерално собрание на ОН, 2011.

Обраќање на премиерот Груевски на 66. Генерално собрание на ОН, 2011.

Грчката делегација во Њујорк доаѓа на крајот на неделата, а македонската тогаш го напушта Генералното Собрание. Нема потврдено ниту средби со посредникот во разговорите Метју Нимиц за кого се знае само дека денеска се среќава со еврокомесарот задолжен за проширување Штефан Филе.

Македонската делегација која вчера отпатува во Њујорк, предводена од премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Попоси, најверојатно нема да има средби со претстваници од грчката делегација.
Од Министерството за надворешни работи изразуваат подготвеност за средби на претставници на македонската делагација со Нимиц, ако има можност за тоа.

Самарас во Њујорк доаѓа на крајот на неделата, а нашата делегација тогаш го напушта Генералното Собрание. Нема потврдено ниту средби со посредникот во разговорите Метју Нимиц за кого се знае само дека денеска се среќава со еврокомесарот задолжен за проширување Штефан Филе.

Од Министерството за надворешни работи изразуваат подготвеност за средби на претставници на македонската делагација со Нимиц, ако има можност за тоа.
Очигледен е обидот, американските и европските пријатели наши да извршат притисок врз премиерот околу ова нерешено прашање кое не блокира во НАТО и во ЕУ. Филе отишол на средба со Нимиц, дали е само за тоа или е веројатно и з анешто друго, не само за тоа, но сеедно, се гледа еден ангажманна странските фактори околу ова.

Експертите велат дека има некакво интензивирање на процесот околу решавање на спорот со името и тоа го поврзуваат и со средбата на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос кој ја предводи грчката делегација.

„Очигледен е обидот, американските и европските пријатели наши да извршат притисок врз премиерот околу ова нерешено прашање кое не блокира во НАТО и во ЕУ. Филе отишол на средба со Нимиц, дали е само за тоа или е веројатно и з анешто друго, не само за тоа, но сеедно, се гледа еден ангажманна странските фактори околу ова“, вели професор Денко Малевски.

Тој вели дека сепак кога се оди на Генералното Собрание на ОН за да се направи пробив, работата се завршува преходно. Според неговите зборови таква ситуација немаме.

„Поторно тоа ќе биде еден своевиден меѓународен притисок врз нашите политички претставници,којшто тие ќе треба повторно да го вратат дома во нашиот демократски политички процес кој е прилично расклатен и низ кој ќе мора да поминуваат сите евентуални предлози. Ништо од тоа не е на хоризонтот, но политиката си продолжува со својата работа и да видиме дали нешто од ова ќе се роди.“

Меѓутоа јавноста деновиве беше сведок дека некои од претставниците од владеачката коалација деновиве излегоа со идеја Европската унија да назначи посредник во разговорите за спорот со името, со цел интензивирање на процесот. Средбата на Филе со Нимиц се случува на помалку од еден месец пред објавувањето на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG