Достапни линкови

Ваши коментари - „Шпионите“ и НATO


Архивска фотографија: Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
Архивска фотографија: Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Секогаш покрај некоја домашна „атрактивна“ тема, како што е сега аферата „Шпион“, доминира и онаа за нашите неостварени и, како што се чини, далечни евро и НАТО интеграции.

Шпионите и НATO. Секогаш покрај некоја домашна „атрактивна“ тема, доминира и онаа за нашите неостварени и, како што се чини, далечни евро и НАТО интеграции. И, темите секогаш отвораат богати дебати на нашата веб-страница.
Не ни треба НАТО со таков услов. Прекин на преговорите. Точка.
Коментар од читател.

Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.
На почетокот, дрва и камења против политичките аналитичари професор Ванковска и социологот Јашари. Редовниот Владо смета дека големината на една земја не се мери со бројот на населението; исто така редовниот МК Обсервер полемизира и со цитираниот социолог Јашари, дека аферата со Косово всушност е од Косово, и со професор Ванковска дека „Шпион“ ги прави луѓето збунети, не дека се презаситени од акробациите на власта, туку дека гледаат колку предавници седеле во институциите на системот што ги хранел; Миле од Охрид е веќе видена работа: за него Радио Слободна Европа е медиум кој прави манипулации и ги „застапува интересите на режимот од чија страна е финансиран“; Бујар, пак, од Скопје, полемизира со МК Обсервер, и му држи лекција дека Америка треба да ја следиме во областите каде што таа ги почитува граѓанските слободи и права: во медиумите, владеењето на правото, отчетност во владеењето... Перо од Скопје пишува дека со почнувањето „шпански сапуници“ со нова епизода секој ден како некој да се спрема за избори, а на „загрижените“ околу изборот на соговорниците им препорачува да си гледаат медиумите кои животот, вели, ни го претставуваат небаре по Вардар течат мед и млеко, а не фекалии.
Какво мрсно, кога народов е на пост веќе 20 години!
Коментар од читател.

Пораката „Името па НАТО“ од последниот престој на функционерката на Алијансата Грабар-Китаровиќ, повторно ги провоцира редовните пишувачи на пораки, Владо, МК Обсервер, Миле од Охрид и други да коментираат на линија „НАТО е неправеден и името не го даваме“. И двајца наши иселеници, едниот од Шведска, другиот од Канада испратиле свои коментари: оној од Шведска потсетува дека во политиката „нема љубов, а правда – ич“, а оној од Канада вели: „Не ни треба НАТО со таков услов. Прекин на преговорите. Точка“.

Фактот дека Македонија ги има „замрсено“, како што гласи насловот на нашиот текст, односите со сите соседи, им дава простор на редовните пишувачи на коментари да се согласат повторно во едно: дека нашиов медиум користел „редовно ангажирани“ професионалци, како што мисли Миле, и „нарцисоидни професори кои само критизираат“- како што мисли Владо; Обсерверот жали што нашето постоење им ги замрсува работите на поголемиот дел од соседите, а Незабеган вели: „Какво мрсно, кога народов е на пост веќе 20 години!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG