Достапни линкови

logo-print

Рекорден шверц на кокаин во авион на Ер Франс


Властите на Венецуела соопштија дека биле упасени тројца припадници на Националната гарда поради нивна поврзаност со откривањето на 1,3 тони кокаин во авион на Ер Франс на релација Каракас, Париз. Се додава дека за истиот случај француските власти уапсиле шест лица, тројца италијанци и тројца британци. Новинските агенции пресметале дека пазарната цена на кокаинот би била околу 200 милиони евра. Се прецизира дека дрогата била сокриена во куфери регистрирани на имиња кои не биле пријавени за летот до Париз. Според француското министерство за внатрешни работи станува збор за најголем откриен шверц на кокаин во историјата на Франција.
XS
SM
MD
LG