Достапни линкови

Експлозии во трговскиот центар во Најроби


Исламски екстремисти и натаму држат непознат број заложници во трговскиот центар во кенискиот град Најроби, каде што, како што јавуваат новинските агенции, и денеска се слушале експлозии и пукање. Сомалиската терористичка организација Ел Шабаб која ја презеде одговорноста за нападот во центарот во кој загинаа 68 луѓе, а 200 биле ранети, денеска се закани дека ќе почне да ги убива заложниците. Кениската војска синоќа соопшти дека повеќето заложници биле ослободени и оти силите за безбедност ја презеле контролата врз поголемиот дел од центарот. Напаѓачите соопштија дека акцијата е освета за вклучувањето на кениската војска во борбите во Сомалија.
XS
SM
MD
LG