Достапни линкови

Победа на Меркел на парламентарните избори во Германија


Коалицијата на германската канцеларка Ангела Меркел победи на парламентарните избори со што Меркел добива трет мандат на чело на најголемата економија во Европа. Христијанските демократи на Меркел и коалициската Христијанско социјална унија освоија околу 41,5 отсто од гласовите. Резултатите, сепак, покажуваат дека сегашниот коалициски партнер на Меркел, Партијата на слободни демократи, освои помалку од 5 отсто од гласовите што е недоволно за влез во парламентот. Германската канцеларка најави дека е подготвена да преговара за широка коалиција со опозициските Социјалдемократи кои освоија околу 25,7 отсто од гласовите. Се очекуваат неколку недели тешки преговори пред да се формира новата коалиција. Меркел е трет германски канцелар по Втората светска војна што добива трет мандат од гласачите, по Конрад Аденауер и Хелмут Кол.
XS
SM
MD
LG