Достапни линкови

Продолжуваат борбите во трговскиот центар во Најроби


Кениската армија продолжува со борбите против исламистичките милитанти забарикадирани во еден трговски центар во Најроби, откако синоќа соопшти дека се спасени „повеќето“ од заложниците што беа држени во центарот. Милитанти од организацијата Ал-Шабаб, поврзана со Ал Каеда, упаднаа во трговскиот центар во саботата и убија најмалку 68 луѓе. Кениската армија соопшти дека ја презела контролата врз најголемиот дел од објектот. Не е соопштено колкумина заложници биле држени и колкумина се ослободени. Меѓу загинатите има државјани на Велика Британија, Канада, Кина, Франција, Индија и Холандија.
XS
SM
MD
LG