Достапни линкови

Иран ја презема контролата врз нуклеарната централа Бушер


Иран денеска треба да ја преземе контролата врз нуклеарната централа Бушер, која е изградена од Русија, соопшти државната иранска новинска агенција. Али Акбар Салехи, шеф на иранската Организацијата за атомска енергија, изјави дека на церемонијата на предавањето на нуклеарната централа ќе присуствуваат руски официјални лица, меѓу кои и од изведувачот Атомстројекспорт. Предавањето е „привремено“, оти централата ќе остане под руска гаранција уште две години, а руски експерти ќе останат во Бушер за да даваат совети и техничка помош. Салехи изјави дека Техеран е во преговори со Москва за изградба на втор реактор во Бушер и дека очекува работите да започнат наскоро.
XS
SM
MD
LG