Достапни линкови

logo-print

Самит на земјите од договорот за колективна безбедност во Сочи


Архивска фотографија: Самит на лидерите на земјите од Организацијата на договорот за колективна безбедност во Бишкек на 28 мај 2013.

Архивска фотографија: Самит на лидерите на земјите од Организацијата на договорот за колективна безбедност во Бишкек на 28 мај 2013.

Земјите членки на Организацијата на договорот за колективна безбедност денеска ќе разговараат за начините на справување со заканите и предизвиците кои произлегуваат од Авганистан. Лидерите на шесте земји - Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан ќе се сретнат во руското одморалиште Сочи. Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека на средбата се очекува лидерите да разговараат за тоа како да ја зајакнат меѓусебната соработка за да се справат со нестабилноста што може да се интензивира откако западните сили ќе се повлечат од Авганистан во 2014 година. Овие мерки предвидуваат да му се помогне на Таџикистан во зајакнување на границата со Авганистан. На самитот се очекува лидерите да разговараат и за развој на заедничка воена одбрана.
XS
SM
MD
LG