Достапни линкови

Лавров - Западот има политизиран приод кон сирискиот конфликт


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини западните земји дека имаат „длабоко политизиран приод“ кон кризата во Сирија. Во денешното интервју за првиот канал на руската телевизија, Лавров рече дека западните земји сакаат да го соборат сирискиот претседател Башар ал-Асад за Блискиот Исток да „игра по нивно“. Тој рече дека САД почнале да ја уценуваат Русија дека ќе престанат да соработуваат со Организацијата за забрана на хемиското оружје, ако Москва не ја поддржи резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која ќе дозволи употреба на сила во Сирија. Лавров рече дека тој претходно се договорил со американскиот државен секретар Џон Кери дека нема да има резолуција на Советот за безбедност, додека Организацијата за забрана на хемиското оружје не се изјасни за Сирија.
XS
SM
MD
LG