Достапни линкови

ОН предупредија против одмазднички напади во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

ОН предупредија против одмазднички напади, откако во две експлозии во доминантно шиитски дел на Багдад загинаа 73 луѓе. Лидерите треба да преземат силни акции да не дозволат понатамошна ескалација на насилствата, рече Георгиј Бажтин, заменик специјален пратеник за Иран на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. По вчерашните експлозии во Садр Сити во Багдат, следуваа две експлозии пред сунитска џамија во градот Самара во кои загинаа 18 луѓе. Интензивирањето на верските насилства ги зголемува стравувањата од отворен конфликт меѓу шиитското мнозинство и сунитското малцинство во Ирак.
XS
SM
MD
LG