Достапни линкови

Русија ја предупреди Украина против договорот за трговија со ЕУ


Архивска фотографија: Украинскиот премиер Микола Азаров и неговиот руски колега Дмитриј Медведев.

Архивска фотографија: Украинскиот премиер Микола Азаров и неговиот руски колега Дмитриј Медведев.

Висок руски претставник остро ја предупреди Украина да не го потпишува договорот за трговија и соработка со ЕУ. Претседателскиот советник Сергеј Глазјев ги отфрли очекуваните придобивки од планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина како „митологија“. На заедничка прес-конференција со украинскиот премиер Микола Азаров во црноморското одморалиште Јалта, тој предупреди дека тарифите и трговските проверки што Русија ќе ги воведе по потпишувањето на договорот може да ја чинат Украина милијарди долари. Азаров, пак, рече дека договорот нема да влијае на рускиот пазар. Тој исто така изрази незадоволство поради тоа што Русија одбива да ја намали цената на гасот за Украина и рече дека Киев може дополнително да го намали увозот на гас.
XS
SM
MD
LG