Достапни линкови

Иран преземa целосна контрола врз нуклеарната централа Бушер


Нуклеарната централа Бушер.

Нуклеарната централа Бушер.

Иран ќе преземе целосна контрола врз нуклеарната централа Бушер, која беше изградена од Русите, на 23 септември. Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи изјави дека постројката е под руска гаранција уште две години и оти руските експерти ќе останат во Бушер уште две години. Нуклеарната централа почна да се гради во 1970 година од страна на германската компанија Сименс, која се повлече од Иран по Исламската револуција од 1979 година. Во 1994 година, Русија се согласи да го доврши проектот да и обезбеди гориво за централата. Бушер беше завршена во 2011 година, а целосниот капацитет го достигна годинава. Салехи изјави дека Техеран е во преговори со Москва за изградба на втор реактор во Бушер и дека очекува работите да започнат наскоро.
XS
SM
MD
LG