Достапни линкови

Граната падна во дворот на руската амбасада во Дамаск


Дамаск ноќе.

Дамаск ноќе.

Граната падна на територијата на руската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск. Руското Министерството за надворешни работи соопшти дека тројца вработени во амбасадата биле повредени во нападот, но ниту еден од нив сериозно. Претходно, неименуван претставник на амбасадата за новинската агенција ИТАР-ТАСС изјавил дека нема повредени и дека „амбасадата работи нормално“. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопштија дека ракетата ја испукале сириските бунтовници. Русија е клучниот меѓународен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG