Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во напад врз црква во Пакистан


Околу 50 луѓе загинаа, а околу 70 се ранети кога двајца бомбаши-самоубијци ги активирале бомбите пред црквата Свети Јован во градот Пешавар во Пакистан. Голем дел од повредените се во сериозна состојба. За време на експлозијата во црквата имало околу 600 верници. Христијаните сочинуваат околу 4 отсто од населението во Пакистан. Обично не се наметливи, но понекогаш се цел на напади од страна на исламистичките екстремисти кои на нив гледаат како на еретици. Пешавар е главен град на провинцијата Хибер-Пахтунква.
XS
SM
MD
LG