Достапни линкови

Над 2.500 скопјани денеска појадуваа на мост


Над 2.500 скопјани денеска појадуваа на Камениот мост и на мостот „Око“, на четвртиот „Појадок на мост“. Манифестацијата ја организираше Град Скопје и средното угостителско училиште „Лазар Танев“, под покровителство на скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој појадуваше со граѓаните.

Секој посетител кој имаше обезбедено билет, денеска доби бесплатен пакет со храна - сувомесни и млечни производи спакувани по ХАЦЦП стандардите. Масите беа поставени по целата должина на мостовите, а гостите ги послужуваа ученици на СУГС „Лазар Танев“ и ги забавуваа уличните музичари на Скопје.

За годинашниот „Појадок на мост“ Град Скопје од буџетот издвои 450.000 денари, но настанот е помогнат од многу донатори, ресторани, пекарници, маркети и од производители и увозници на храна и пијалаци.
XS
SM
MD
LG