Достапни линкови

logo-print

Доживотен затвор за корупција за кинески политичар


Кинескиот политичар Бо Ксилаи.

Кинескиот политичар Бо Ксилаи.

Кинескиот суд му изрече доживотен затвор на политичарот Бо Ксилаи, откако го прогласи виновен за корупција. Осудениот има право на жалба. Тој беше изведен пред суд минатиот месец по обвиненијата за примање мито, проневера и злоупотреба на службената положба. Поранешниот член на Политбирото и партиски шеф во мегалополисот Чонгинг ги негираше обвинувањата за време на судењето. Падот на Бо Ксилаи почна откако неговата сопруга уби еден британски бизнисмен, а неговиот главен помошник пребега во американскиот конзулат со информации за убиството, непосредно пред смената на раководството во Кина.
XS
SM
MD
LG