Достапни линкови

logo-print

Референдум за укинување на служењето војска во Швајцарија


Во Швајцарија се одржува референдум за тоа дали да се укине задолжителното служење војска и да се замени со доброволно служење. Голем број Швајцарци со децении прашуваат зошто на земјата ѝ е потребна армија, со оглед на тоа што нема директна закана и со оглед на нејзината долгогодишна позиција на неутралност. Со 150.000 војници и шест проценти од буџетот, вооружените сили на Швајцарија се големи колку тие на Австрија, Белгија, Норвешка, Финска и Шведска заедно. Служењето војска долго време се смета како суштинско искуство во градењето на карактерот за швајцарските мажи. Анкетите покажуваат дека денешниот референдум ќе пропадне, исто како и двата претходни во 1989 и во 2001 година.
XS
SM
MD
LG