Достапни линкови

Иран е подготвен на преговори за нуклеарната програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја е подготвена на преговори со меѓународната заедница во врска со спорната нуклеарна програма. Неговата изјава беше објавена на Иранската национална телевизија на одбележувањето на 33-годишнината од ирачката инвазија на Иран во 1980 година и во пресрет на посетата на Рохани на Њујорк, каде што треба да присуствува на Генералното собрание на ОН. Иранскиот претседател инсистира дека Западот мора да го признае правото на Иран да збогатува ураниум според меѓународното право. Тој рече дека ако се признае ова право, тогаш Иран е подготвен да соработува и да ги намали регионалните и глобални проблеми. САД и другите западни земји го обвинуваат Иран дека се обидува да направи атомска бомба, додека Техеран тврди дека нуклеарната програма е целосно мирнодопска.
XS
SM
MD
LG