Достапни линкови

Парламентарни избори во Германија


Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори. Канцеларката Ангела Меркел се надева на трет мандат. Предизборните анкети покажуваат дека нејзината Христијанско демократска унија ќе освои најмногу гласови. Сепак, нејзините коалициони партнери, Слободните демократи, може да не го исполнат цензусот од 5 проценти потребен за влез во парламентот, со што Меркел ќе биде принудена на широка коалиција со опозициските Социјалдемократи. Германија е најголемата економија во Европа, а германските избори со внимание се следат во целата еврозона.
XS
SM
MD
LG