Достапни линкови

Лошата инфраструктура го отежнува инвестирањето во Центар Жупа


Oпштина Центар Жупа.

Oпштина Центар Жупа.

Поголемиот дел од населението во Општина Центар Жупа со години е надвор од Македонија, но инвестиции од нивна страна никако да дојдат.

Руралната Општина Центар Жупа е неразвиена печалбарска општина, но досега во неа не се забележани инвестиции од страна на печалбарите. Поголемиот дел од населението е надвор од Македонија и тоа повеќе години, но инвестиции од нивна страна никако да дојдат.
Мислам дека не се инвестира и поради фактот што инфраструктурата, особено патната, во општината е многу лоша. Проблеми имаме и со нискиот напон на електричната енергија, поради што, ние како општина сметаме дека во решавањето на овие проблеми треба да се вклучи и нашата Влада.

„Имајќи предвид дека и јас самиот бев печалбар, добро знам дека многу наши печалбари во Италија беа заинтересирани да инвестираат во својот роден крај. Сега како градоначалник ви кажувам дека тој интерес постепено опаѓа бидејќи печалбарите во Италија се во криза поради тоа што и самата држава Италија е во економска криза. Кај нив преовладува мислењето дека време е да се штеди поради што не се впуштаат во инвестирање. Но, мислам дека не се инвестира и поради фактот што инфраструктурата, особено патната, во општината е многу лоша. Проблеми имаме и со нискиот напон на електричната енергија, поради што, ние како општина сметаме дека во решавањето на овие проблеми треба да се вклучи и нашата Влада“, вели градоначалникот на општината Арјан Ибраим.
Арјан Ибраим, градоначалник на Општина Центар Жупа.

Арјан Ибраим, градоначалник на Општина Центар Жупа.


Поради масовното печалбарење, но и иселување, и оваа учебна година рапидно е опаднат бројот на учениците, објаснува директорот на деветолетката „Мустафа Кемал – Ататурк“, Музафер Сулејманоски.

„Намалувањето на бројот на учениците, од година во година има сè помалку. Така е и оваа нова учебна година. Пред 10 до 15 години кога јас овде бев и наставник, имаше околу 1.300 ученици, а денеска вкупниот број на ученици е едвај 312“, вели Сулејманоски.

Овде тешко е да најдете млади бидејќи сите по 18-тата година заминуваат на печалба во странство. Меѓу нив има и млади кои завршуваат факултети, бидејќи работа немаат. Оваа рурална општина, и покрај тоа што има многу прекрасни предели, особено за развој на земјоделството и сточарството, нема доволно луѓе за да истите ги искористи. Според невладините организации кои делуваат во оваа општина, над 70 отсто од населението е на печалба.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG