Достапни линкови

logo-print

Најмалку 22 загинати во напад врз трговски центар во Кенија


Напад врз трговски центар во Најроби.

Напад врз трговски центар во Најроби.

Најмалку 22 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се ранети откако вооружени напаѓачи нападнаа трговски центар во главниот град на Кенија, Најроби. Напаѓачите користеле рачни бомби и огнено оружје. Кениската армија го опколи центарот и во потрага по напаѓачите проверува продавница по продавница. Полицијата соопшти дека напаѓачите се забарикадирале во областа. Некои информации велат дека се работело за грабеж, но министерот за внатрешни работи Мутеа Иринго рече дека можеби се работи за терористички напад. Очевидец тврди дека напаѓачите рекле оти се насочени само кон немуслимани. Засега ниедна организација не ја презеде одговорноста за нападот. Милитантната организација Ал-Шабаб, која се противи на испраќањето кениски војници во соседна Сомалија, и претходно се закануваа дека ќе го нападнат трговскиот центар.
XS
SM
MD
LG