Достапни линкови

Младинското движење на Таџикистан го номинира претседателот за нов мандат


Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон.

Младинското движење на Таџикистан го номинира актуелниот претседател Емомали Рахмон за нов претседателски мандат. Боксерката Мавзуна Чориева, која освои бронзен медал на Олимписките игри во Лондон, беше првата што го повика претседателот Рахмон да биде кандидат на Младинското движење на Таџикистан за претседател, за време на денешниот конгрес на движењето. Номинацијата беше едногласно прифатена од делегатите на конгресот.

Претседателските избори треба да се одржат на 6 ноември, на 19-годишнината од претседателствувањето на Рахмон. Од ноември 1992 до ноември 1994 година, во Таџикистан не постоеше функцијата претседател, но Рахмон, како претседател на Собранието, официјално беше шеф на државата.
XS
SM
MD
LG