Достапни линкови

Промена на руската позиција, ако Сирија употребила хемиско оружје


Шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов.

Шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов.

Шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов рече дека руската позиција за Сирија може да се промени ако Кремљ утврди дека сирискиот претседател Башар ал-Асад „лаже“. Иванов зборуваше на состанок на Лондонскиот институт за меѓународни стратегиски студии во Стокхолм. Тој рече дека зборува „теоретски и хипотетички“, но ако се утврди дека сириската влада користела хемиско оружје, Русија може да го смени ставот. Тој рече дека за една недела ќе се утврди каде Сирија го чува хемиското оружје, а потоа, за два до три месеци, ќе се знае за колку време тоа може да биде уништено и колку тоа ќе чини. Асад се согласи на уништување на хемискиот арсенал на земјата. САД и западните влади го обвинуваат сирискиот режим дека употребил хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG