Достапни линкови

Грција ќе го преземе претседавањето со ЕУ со помал буџет


Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ од 1 јануари следната година со помал буџет, не планирајќи да потроши повеќе од 50 милиони евра, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Куркулос пред парламентарната комисија за европски прашања.

Тој истакна дека грчката Влада ќе одвои помалку средства за претседавањето со ЕУ, отколку што тоа го направиле другите земји. Кукркулос додаде дека за разлика од неодамнешните претседателства, кои потрошиле меѓу 60 и 75 милиони евра и ангажирале персонал од 250 лица, Грција ќе потроши помалку пари и нема да има повеќе од 150 луѓе персонал.

Двајца германски пратеници пред неколку дена побараа од Грција да се откаже од планираното преземање на претседателството на ЕУ од 1 јануари 2014 година, сметајќи дека оваа задолжена земја не треба да го има финансискиот товар на оваа задача, која според нив чини околу 100 милиони евра.
XS
SM
MD
LG